По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во организација на Здружението за хумантитарни дејности, Лајонс клуб „Кабадаја“ од Битола, денес се одржа традиционалниот Марш низ Широк сокак. Дел од овој настан беа над 400 учесници, кои потоа ја проследија културно забавната програма, пред Офицерскиот дом, каде во знак на поддршка на лицата со попреченост под мотото „Обои ме во пријател“, беа пуштени балони во различни бои.
Во организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Битола, по повод “3 декември Меѓународен ден на лицата со попреченост“, во ОУ „Трифун Пановски“, се одржа настанот ,,Игри без граници“ чија цел е подигнување на јавната свест, зголемување на можностите за лицата со попреченост да создаваат и учествуваат во секој аспект на општественото живеење. Настанот на кој присуствуваше и градоначалникот Коњановски, се реализираше со поддршка од општина Битола, преку Програма за социјална заштита.