Министерството за здравство на Грција соопшти дека од 1 мај до 31 август го укинува задолжителниот сертификат за влез во сите затворени објекти, како и тоа дека од 1 мај се укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата.

Ова значи дека од недела се укинуваат сите Ковид рестрикции кај нашиот јужен сосед со исклучок на маската, која и понатаму е задолжителна во затворените простори.