Светската здравствена организација објави нов извештај со анализи за жртвите oд пандемијата на корона вирусот, во кој ги негира своите претходни статистики.
Според новите податоци до крајот на 2021 година во светот, како директна, но и индиректна последица од ковид умреле речиси 15 милиони луѓе, а не 5,4 милиони како што тврдеше во претходните извештаи.
Во проширената статистика се земени превид и случаите кои не се официјално регистрирани од здравствените системи, какви што доминираат најмногу во Индија за време на пикот, како и последиците од други заболувања, каде смртта сепак била поттикната односно забрзана заради последиците од ковид.