Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Горан Пандев заминува во пензија на 39-годишна возраст.
Цела своја кариера, струмичанецот ја помина во Италија каде замина како 18-годишник во 2001 и играше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Џенова и Парма освен една сезона каде играше за турскиот Галатасарај.
Фудбалскиот клуб Интер на својата Фејзбук страница му се заблагодари и напишаа “Од Примавера до врвот на светот.”