Ај па догодина и Вака, и Така, и Онака! – се шегуваат Македонците, додека не стивнуваат претежно негативните реакции на социјалните мрежи, за новата фудбалска химна на ФИФА за Светското првенство во Катар.

Либанка, Американка и Колумбиец, и еден минибус налик на култниот филм „Ко то тамо пева“ кој накитен со знамиња од цел свет талка низ пустината.

Миријам Фарес, Ники Минаж и Малума годинава ја заменија Вака Вака на Шакира со Туку Така, што на арапски значело Чук-Чук.

И покрај тоа што фудбалската химна за Катар во која се пее на Англиски, Шпански и Арапски, фудбалските фанови од цел свет ја дочекаа „на нож”, песната соборува рекорди, за два дена има 10 милиони кликања и веќе е трета на листите на Ај-Тјунс.

Вака така или онака … се чини дека сепак се работи за прост, но заразен хит кој останува во главата по првото слушање: