Во заедничка студија која ја спроведоа Медицинскиот факултет од Харвард, Минерва Универзитетот и Општата болница во Масачусетс, се тврди дека Омикрон варијантата на Ковидот не била толку безопасна колку што се мислело.
Студијата спроведена на 130.000 испитаници во САД, Англија, Шкотска, Канада и Јужна Африка, се спротиставува на општо прифатените тврдења дека Омикрон побрзо се шири, но не предизвикува тешки или фатални последици.
Сепак, и покрај тоа што се работи за реномирани институции како Харвард, голем дел од научниците во светот ја оспорија релевантноста на истражувањето, со образложение дека е парцијално и нецелосно за да се извлечат објективни заклучоци, бидејќи со неа биле опфатени само заразените регистрирани од болниците и здравствениот систем, без да се земат предвид големиот број брзи тестови кои многумина заразени со Омикрон ги извршиле дома, се самоизолирале и ја прележале заразата без да бидат воопшто евидентирани од системот.
Во истражувањето не се земени предвид и статистиките на вакцинирани, со една, две, три или бустер доза поединечно.