Михаил и Тери Мартин се просечен нормален брачен пар од Полска, засега имаат еден син, се грижат за своите стари родители, планираат проширување на семејството, прават планови за иднината …
До пред некое време многу од плановите им изгледале далечно и недостижно, затоа што редовните примања им биле едвај доволни за да преживеат.
Но откако решиле да си ја пробаат среќата на социјалната мрежа Онли Фанс, прво само од љубопитност, станале вистински реалити порно ѕвезди кои сега заработуваат 18.000 евра месечно.
Михаел вели дека е свесен дека се работи за еден вид порнографија и егзибиционизам, но се правда дека тука и нема некој морален проблем, затоа што се венчан брачен пар, кој само решил да ги отвори пред светот своите интимни моменти.
Особено е радосен што благодарение на приходите од Онли Фанс успеал да им купи куќа на своите родители поблиску до нивниот дом, за да можат да се грижат за неговиот болен татко.
И самите изненадени од лесниот начин на заработка, Михаел и Тери прават нормални брачни планови како и секое семејство, и се благодарни што на светот постојат луѓе подготвени да платат за задоволување на љубопитноста и воајеризмот.