Еднократната парична помош е во износ од 3.000,00 денари нето износ по дете, на семејства кои запишале дете во прво одделение во Општинските основни училишта во Битола.
Семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение во учебната 2022/2023 год, за да ја добијат еднократната парична помош треба да поднесат барање до основното училиште каде е запишано детето.
Со барањето исто така треба да поднесат:
- копија од извод од матичната книга на родените (сродството со првачето),
- копија од лична карта и
- трансакциска сметка на име на еден од родителите/ старател (подносител на барањето).
Основното училиште комплетните документи подоцна ги доставува до архивата на Општина Битола.
Барањето можете да ја спуштите на следниот линк:
барање-за-еднократна-за-првачиња