Српската победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ го возбуди Балканот со новата песна, која многумина ја коментираат како емотивно, но прецизно и точно отсликување на нашето секојдневие.
Добар ви ден!
Пропаднати луѓе, уморни птици
Што имате во план?Да плукнете некому денес в лице?
Кога животот изгледа како проба
Е*ено доба…Добар ви ден
Сништата кај ви се?
Вреќата е празна
Сѐ е на грам:
– Животот и љубовта
– Тагата и среќата
Премногу од вас премалку ве има…
Цел свет е само една соба
Е*ено добаЕ*ено доба, кому да викам, кого да будам?
Умот ми врие
Кои се тие ѕверови, кои се тие луѓе?
Немате свое, земете туѓо, сѐ ви е лесно
Земете го и моето…
Текстот и музиката се на Леонтина Вукомановиќ, а на аранжманот, продукцијата и пратечките вокали се потпишува Дарко Димитров.
Во песната е вклучен уште еден Македонец, Роберт Билбилов кој ги отсвири деловите на виолина.