Сестринството на Слепченската Претеченска обител, со Божја помош, низ долгогодишни истражувања и проучувања на Слепченското културно наследство, денес ја возобновува резбарската работилица во автентичен стил на некогашната плитка резба со доминација на плетеница.

Слепченскиот манастир во текот на XV – XVI век е препознатлив по најавтентичниот копаничарски стилски израз на Балканот, кој надалеку го прославува манастирот, а во медиевистиката и уметноста на средниот век, мотивите и стилот на резбата го добиваат називот Слепченска резбарска школа.

Конкретно рацете на монасите во плитка резба со плетеница изработуваат иконостаси, олтарни врати, балдахини, парапетни плочи, двокрилни влезни врати, дејзисни плочи, полиелеи, проскинитрони и друго, од кои голем дел денеска се зачувани како артефакти во ризницата на манастирот Слепче и во музеите на Скопје, Софија и други.
