Француските власти донесоа серија мерки за штедење на енергија, во подготовка за престојната зима кога Европа стравува од ризик од подолги рестрикции на струја и целосни затемнувања.

Градот Париз донесе повеќе мерки кои се однесуваат на потрошувачката во јавните претпријатија во надлежност на градот. Загревањето на просториите ќе е намалено за неколку степени, со исклучок на старските домови и градинките, регулирано е и загревањето на водата во базените, но највидлива и најочигледна ќе е промената на режимот на Ајфеловата Кула.

Ајфеловата кула ќе биде затемнета порано од вообичаено, а ќе се редуцира и времето за пристап на туристи.