Подвиг е да се тргне од општина Равна Романија – Сараево, од Црквата која е изградена после војната, во чест на сите загинати српски борци пеш, а крајната дестинација да биде островот Крф во Грција.
Репортажа на Весна Милевска
За да пропешачат до нашата Битола на Хаџи Игор Вукшмановиќ (поранешен војник, кој видот го изгубил во војната во Босна), Новица Пеиќ и Остоја Медиќ, потребни им биле 21 ден. 21 ден за совладување на околу 720 километри. Онака како што налагаат правилата со комбе ги придружува Петар Драгаш.
Оваа тројка, Хаџи Игор Вукшмановиќ, Новица Пеиќ и Остоја Медиќ прв пат не се соочуват со совладувањето на далечините единствено потпирајќи се на своите нозе, претходно два пати имаат на истиот начин пропатувано на Хиландар (2019 и 2023). На патот за Крф, два дена остануваат, во како, што велат прекрасната Битола и продолжуваат на својот пат до островот Крф, околу 300 километри им остануваат до крајната цел, а пристапот до островот е возможен само преку воден пат односно со траект.
Инспирацијата за овој трет по ред нивни аџилак е камп на Крф, за децата на загинатите во војната во Босна, каде им е овозможена и едукација, покрај морскиот одмор.
Велат дека се воодушеввени од топлината на луѓето и убавините на Македонија, го посетиле Куманово, Св. Николе, Кавадарци, а од Битола преку Кајмакчалан, односно преку преминот Меџитлија се префрлаат на територијата на Грција.
Оваа нивна мисија, како што ја нарекуваат, посебно се благодарни што силно е помогната и овозможена од Здружението на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници МИР, СЛОГА, СТАБИЛНОСТ од Скопје и претседателот Димитрије Недиќ и неговиот тим.
Непосредни, говорливи, спонтани луѓе, велат дека најголемите непријатели им се асфалтот, сонцето, автопатите, кучињата, змиите, сообраќајот, воопшто. Раскажуваат досетливо, дека кондиционата подготовка им траела до Чачак, значи како тргнале на патувањето така ја стекнувале и кондицијата, без никакви претходни подготовки и дека сега се во топ форма, особено по краткиот одмор во убавата, гостопримлива Битола. Со висок морал, подготвени продолжуваат до нивната цел.
РЕПОТАЖА НА ВЕСНА МИЛЕВСКА