Состојки:
- 1,5 кг јагнешко месо
- 1 филџан масло
- 1 чаша бело вино
- 2 чаши вода
- 1 цела главица праз
- 3 главици кромид
- 1 главица лук
- 3 моркови
- 1,5 кг компири
- сол
- црн пипер
- буковска пипер
- нане
- зачин од сушен зеленчук (вегета)
Подготовка:
Месото добро, со силно триење од сите страни, длабоко се премачкува со смеса од сол, буковска пипер и нане. Се полева со масло, и во плех со виното и водата се става да се пече 1 час во загреана рерна на 200°С.
Во меѓувреме се подготвува зеленчукот лукот, кромидот, празот, морковите и компирите (покрупно сечени) кои се зачинуваат со сушен зеленчук и црн пипер.
Откако водата и виното ќе извријат во истиот плех, се редат компирите со додатоците и врз нив повторно се става месото и заедно се печат уште 1 час.
На здравје !
Христос Воскресе!
За многу години!