Без разлика на годините и колку сте физички активни, редовното пешачење со комбинирање на правилна исхрана може да биде одличен начин за намалување на телесната тежина. За постигнување на оваа цел потребно е да пешачите редовно, доволно долго и со соодветен интензитет.
Секој човек треба да практикува умерени физички активности најмалку 30 минути дневно или во просек 150 минути неделно. Ова ќе го поттикне кардиоваскуларниот систем подобро и ќе обезбеди правилно функционирање на организмот од повеќе аспекти.
Едноставноста е карактеристика што го прави пешачењето привлечна активност за многумина, особено за оние кои сакаат да согорат дополнителни калории. Се разбира, бројот на потрошени калории зависи од повеќе фактори, особено од вашата тежина и брзината на одење.
Ако се обидувате да ослабете со помош на пешачењето има некое недефинирани правила што го поттикнуваат тоа. Како на пример, активноста од 150 минути на 200-300 минути неделно, тоа би било околу 3 до 5 часа неделно. Секое дополнително поминато време во физичка активност ќе придонесе за намалена тежина но и за зголемено ниво на физичка подготвеност.
Пешачењето ќе биде многу поефикасно доколку го комбинирате со здрава исхрана. Начинот на исхрана и комбинираната физичка активност треба да бидат неделливи кога станува збор за здравото живеење воопшто.
Исто така истражувањата покажуваат дека кога ја зголемувате физичката активност подложеноста воопшто кон храна е поголема затоа мора да се внимава што се внесува и кога. Посебно мора да се внимава на внесувањето на калориите но и губењето.
Ако имате намера да слабеете преку пешачењето тоа треба да ви стане стил на живот што ќе го практикувате секојдневно. Самата дисциплина која што ќе ја одржувате и самиот процес не само што ќе го направи вашето тело поиздржливо туку и ќе ве поттикнува на нови физички предизвици. Физичката активност било каква, не само што придонесува за подобрување на физичкото здравје туку и на психичкото расположение.