Еве еден рецепт за прекрасните есенски денови.
СОСТОЈКИ:
- 1 пакување лиснато тесто
- 1 кг пилешко филе
- 2 лажици сенф
- 200 гр свински врат
- 200 гр кашкавал
- 1 јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Преполовете го пилешкото филе, исчукајте ги двете половини и намачкајте ги со сенф.
- На работна маса ставете проѕирна фолија. На двете парчиња месо ставете свински врат и кашкавал. Свиткајте и затегнете со фолија, па ставете во фрижидер да отстојат неколку часа.
- Лиснатото тесто растегнете го, премачкајте го со јајце и со него обложете ги ролатите.
- Печете половина час на 180 степени. Оставете да се излади, исечете и сервирајте.
Пријатен апетит!