Состојки:
- 500 гр. готови кори
- 500 мл. доматен сос
- 2 главици лук
- 6 главици младо кромидче
- 800 гр. печурки
- 2 шолји обарен ориз сол, црн пипер, босилек
Во сосот од домати, без воопшто масло се „запржува“ лукот, кромидчето, печурките, оризот и зачините.
Во тава се редат корите и помеѓу наместо масло, се мачкаат со разреден доматен сос.
Се пече во загреана рерна на 200 °С, 20 минути. На крај се мачка со разреден доматен сос.