Откако решија да го повлечат “Пасат” од понудата, гигантот Фолксваген наводно одлучил дека и поголемиот “Артеон” наскоро ќе се пензионира до кај 2024. Добрата вест за сите фанови е дека тоа нема да се случи преку ноќ, но достојната замена веќе е на пат.

Ќе биде заменет со моделот со електрична ИД Аеро, концепт најавен претходно годинава. Како што е познато, ИД Аеро ја користи платформата MEB, а најавениот концепт понуди непрекинато возење од 620 километри со батерии од 77 киловати.
