Актерката Шарлби Дин која ја толкува главната улога во филмот „Триаголник на тагата” ненадејно почина во болница на врвот на својот успех на 32 годишна возраст. Други детали за неочекуваната смрт не се соопштени.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/1-32.jpg)
Јужноафриканската актерка беше на подемот на својата кариера која, по успешните улоги во неколку филмови и серии, неодамна ја круниса со Златната Палма во Кан за филмот „Триаголник на тагата” кој допрва треба да почне премиерно да се прикажува во кината.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/3-26.jpg)
Филмот кој ја одушеви публиката и жирито на престижниот Кански фестивал, се спомнува и како сериозен претендент за Оскарите во повеќе категории.