На 73 годишна возраст почина Ивана Трамп, првата жена на Доналд Трамп.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/scena-3.jpg)
Телото било пронајдено на скалите во нејзината куќа каде што докторите констатирале смрт но сеуште не се знае точната причина за нејзината смрт. Се претпоставува дека е можно да паднала и се повредила при слегувањето, но се уште нема официјани податоци за причината за нејзината смрт.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/scena-2.jpg)
Доналд и Ивана биле во брак од 1977 до 1992 и имаат три деца.
Фамозната бракоразводна парница и за двајцата била многу непријатна посебно за Доналд каде што на крајот Ивана од него извлекла 14 милиони долари, семеен имот во Кентаки и дел од домот во Флорида.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/scena-kover.jpg)
Ивана во текот на својот живот градела кариера како јавна личност, имала учество во британско реално шоу како и во холивудската комедија „The First Wives Club“, а исто така имала и своја модна козметичка линија како и свој бренд од накит.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/scena-4.jpg)