Портокалови и црвени аларми, опасност од пожари, суво време и температури од над 40°С од Југозападна Европа се преселуваат на исток.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina1-4.jpg)
Делови на Франција, Португалија, Шпанија и Италија, повеќе од две седмици се соочуваат со пожари предизвикани од сувото и многу топло време.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-7-2.jpg)
Топлотниот бран, кој веќе стигна со Словенија, храватското приморје, преку Црна Гора до Грција, предизвикува пожари и тешки проблеми со здравјето кај хроничните болни.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-3-6.jpg)
Од високи температури не е поштедена ни Централна и Источна Европа, во делови на Полска веќе се регистрирани пожари.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-8-1.jpg)
Во некои места зафатени со пожарите, локалните власти забрануваат излегување на отворено и поради опасноста од вдишување чад.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/binidna-3-1.jpg)
Бранот кој во Европа веќе се нарекува „Пеколниот Луцифер”, се очекува да доживее кулминација овој викенд со температури кои е можно да достигнат и до 45°С и постепено да спласнува до крајот на следната седмица. Мeтеоролозите велат дека освежување може да се очекува дури во деновите пред Илинден.
![Почнува „пеколен“ викенд](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidina-5.jpg)