Плима
Бранови…
бранови за кои нема зборови,
тивкост е нивната наметка,
топлина се зацарила во нивна утроба.
Бранови…
повторно и пак дојдоа,
испратени од виша сила
на глава недозреана,
во срце со рана отворена.
Тивко приоѓаш,
со човека не си поигруваш,
но внимаваш, пазиш,
уплав да не навлечиш,
насмевка да не поколебаш.
Не се зборува,
име не им се споменува,
само наметка се опишува,
на таа река која знае
тек свој да си менува.
О, бранови…
Манастирски води
Слепченски Манастир