Подготовка
Во големо тенџере ставете 1 литар и 300мл вода. Во водата додајте го ванилиниот шеќер и обичниот шеќер.
Oставете водата да поврие. Додека врие водата додавајте го таанот и оризот и сето тоа мешајте го од време на време.
Пудингот растворете го во преостанатите 200 мл ладна вода. Откако оризот убаво ќе омекне и ќе се згусти, 5 мин пред крај, додајте го разматениот пудинг. Варете уште многу кратко додека сутлијашот не ја добие потребната густина. Во готовиот ориз, ставете ги ситно сецканите парчиња праски од компот. Убаво измешајте и сервирајте го десертот.
На здравје
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/siut-1.jpg)