Состојки
- 200 грама суви кајсии
- 50 грама индиски ореви
- 1 лажица мед
- 1 ванилин шеќер
- кокос по желба
Подготовка
Сувите кајсии оставете ги да отстојат еден саат во врела вода.
Во меѓувреме измелете ги индиските ореви. Во блендер ставете ги кајсиите, медот и ванилиниот шеќер и блендирајте ги додека не се добие мека смеса.
Во неа додадете ги оревите и измесете ја. Оформете бомбици и извалкајте ги во кокосовото брашно.
Брзо, лесно, здраво и вкусно
На здравје