Состојки:
- 200 гр. кокосово брашно
- 150 гр. маргарин
- 200 гр. оризово млеко
- 50 гр. шеќер
- 50 гр. лешници
- 100 мл. вода кокосови трошки за обложување
Подготовка
Маргаринот се растопува во зовриената вода со шеќер, се додава оризовото млеко и кокосовото брашно. Кратко се промешува и се остава на ладно да се стврдне.
Околу секој лешник со раце се формираат топчиња, се валкаат во кокосовите трошки и готови се за јадење.
Дозата е за околу 30-40 бомбици, во зависност од големината на топчињата или бројот на целите лешници.
Оризовото млеко можете и сами да го подготвите со пасирање/миксирање и цедење на добро сварен бел ориз во повеќе вода и малку сол.