Состојки
- 1,5 – чаши брашно (тип 400)
- 1 – лажица какао
- 1/2 – лажица сода бикарбона
- 1 – лажица прашок за пециво
- 1 – лажица цимет
- 1 – чаша шеќер
- 1 – чаша вода
- 5 – лажици џем (од сливи или др.)
- 1 – лажица масло
Подготовка
Состојките во смесата добро се промешуваат/се матат да нема грутки. Се пече во кошнички 30 минути на температура од 200°С.
На крај мафините се премачкуваат со џем и се украсуваат со мелени ореви или со шеќер во прав. Дозата е за 12 мафини со стандардна големина.