Според масовното истражување со анализи на крв спроведено од американската Агенција за контрола на зарази и превенција 58% од вкупното население ја прележало короната, додека по брзорастечкиот Омикрон, процентот кај децата нараснал на 75%.

Од Агенцијата сепак велат дека присутноста на антитела и знаците за прележаност, не значат дека тие лица се трајно заштитени од Ковид.

Агенцијата продолжува да ја промовира вакцината како најсигурна заштита од тешки последици и смрт.

Според официјалните статистики, 66% од населението во САД е целосно вакцинирано, а 46% примиле и бустер доза.