„Единствениот начин да создадеш нешто важно е да направиш тоа за момент да исчезне“ ова се зборовите на Ени Кларк попозната како Сент Винсент во новата реклама на Вог за старата чанта на Прада.
Преку промените во изгледот во текот на нејзината кариера која започна во 2007, таа спотот го почнува како Ени Кларк со најпознатата минималистичка црна чанта на Прада од 1995 година, па се трансформира исто како во музиката и кариерата низ различни правци и изглед на сцената, за повторно денес да стигне до старата чанта на Прада, која совршено се совпаѓа со сегашниот стил на Сент Винсент кој црпи музичка инспирација од 90те години на минатиот век.
Во денешното време на дигитална технологија, кога сѐ чини дека сѐ е однапред компјутерски предвидено и целосно јавно и контролирано, старо-новата чанта на Прада од 1995 година останува симбол на зачувување на приватноста, на скриениот дел од личноста кој другите не мора да го дознаат. Реиздадена во три бои – црна, бела и црвена, чантата на Прада од 1995 денес се продава за цена од 2400 £ фунти.