На ден 03 август 2022 (среда), со почеток од 06:00 часот екипите на КЈП Нискоградба ќе започнат со санација на дефектот на фекалната канализациона мрежа на улица Партизанска кај Веро. Заради тоа, ЈКП Водовод- Битола ќе мора да го прекини водоснабдувањето на сите улици кои гравитираат кон таа канализациона цевка со цел непречено изведување на санацијата.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/4-2.jpg)
Прекинот на водоснабдувањето ќе биди утре во среда на 03 август со почеток од 06:00 часот се до завршување на работите од страна на КЈП Нискоградба.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/3-1.jpg)
Водоснабдувањето се очекува да се нормализира во раните попладневни часови.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/2-3.jpg)
Со прекинато водоснабдување ќе бидат следните улици:
- Игнат Атанасовски,
- Димче Лахчански,
- Партизанска 5те згради наспроти Веро,
- Тодор Паница,
- Јонче Мурџевски,
- Кочо Чолаковч
- Алексо Наневски,
- Боривоје Радосављевиќ,
- Милан Петревски,Рудо,
- Трајче Стефановски,
- Пелистер,
- дел од Пожаревачка,
- Кочо Рацин,
- Епинал
- и останати улици над Веро што се прикажани на мапата.
ЈКП Водовод Битола
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/1-2.jpg)