Глобалната ситуација во изминатите неколку години е обележана со неочекувани настани и радикални промени – од пандемијата до војната во Украина и сè почести топлотни бранови и големи суши. Овие промени се рефлектираа и на бројни пазари, синџири на производство и снабдувањето. Меѓу другото, особено погоден беше пазарот на чипови.

Претседателката Цаи Инг-Вен предупреди и на таквите, како што нагласи, „нестабилни предизвици“ за време на говорот на индустрискиот форум што се одржа во Тајван. Таа потсети на уникатната глобална ситуација, вклучително и гореспоменатите предизвици со синџирите на снабдување и нагласи:
,,И денес се појавуваат нови предизвици кои ја прават ситуацијата уште понестабилна”.

Тие проблеми, смета таа, нема да се одразат со влошување на состојбата на светскиот пазар на чипови. Се разбира, освен ако нема некои вонредни и радикални настани како војна.
Тајванскиот ТСМЦ е најголемиот производител на чипови во светот, а нивните чипови се наоѓаат во бројни уреди што ги користиме секој ден – од компјутери и телефони до машини за перење, центри за податоци, авиони и друго, така што е јасно дека секој проблем во кој би западнал Тајван би се почувствувал насекаде низ светот преку нов недостиг на чипови и бројни производи.
