На 04.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го привеле дваесет и шест годишниот Д.Ч. од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и други предмети со остатоци од непозната материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во Скопје на бул.„Никола Карев“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Љ.(27) и М.Љ.(29), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава според која непосредно пред тоа, на подрачјето на Кисела Вода, сториле кривично дело „разбојништво“, при што од едно лице одзеле мобилен телефон.
По преземени мерки и активности сопрено е патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двете осомничени лица, тие се приведени во полициска станица, а кај нив е пронајден одземениот предмет.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.
Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал.
Извор: МВР