Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, објави денес Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде, Уганда. Подоцна почина 24-годишен маж со симптоми на ебола.
Африканската канцеларија на СЗО во соопштението рече дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истиот округ овој месец. СЗО додава дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.