- При замена на зимските гуми и ставање летни, потребно е да се провери правилната геометрија на тркалата, бидејќи тоа е важно за добрите возни карактеристики на автомобилот.
- Дополнително, во зимските месеци најверојатно се оштетуваат бришачите, па треба да се сменат или исчистат.
- Препорачливо е да се прегледа и ветробранското стакло на возилото бидејќи можни се помали оштетувања од ситни камења и чакал што се нанесуваат на коловозот во зима, а кои тркалата на возилото пред нас ги креваат од патот додека возиме.
- Секогаш внимавајте да имате доволно течност за миење на шофершајбната. Чистите шофершајбни и добрата видливост се клучни за вашата безбедност при возење.
- Пред да тргнете на долго патување, се препорачува да извршите стандардни проверки, како што се нивото на моторното масло, нивото на течноста за ладење, нивото на течноста во шофершајбната, притисокот во гумите, правилното светлосно сигнализирање на возилото.
- Одржување на погонот и менувачот, електричната енергија и електрониката на возилото, суспензијата, системот за управување, сопирачките, климатизацијата, состојбата на каросеријата и другите клучни делови на возилото најдобро би било да им ги препуштите на вашиот мајстор.
- Исто така редовниот сервис треба да ви е секогаш во агенда посебно ако возите на долги релации.