Овогодишното издание на Бит-фест блесна во полн сјај со промоцијата на книгата ,,Деконструкција на празнината” од познатата универзитетска професорка Даниела Андоновска-Трајковска.
Станува збор за книга која содржи раскази. За оваа книга зборуваше проф. д-р Мишел Павловски, како и реномираниот поет Борче Панов. Модератор на настанот беше проф. д-р Билјана Граматковски.
Оваа манифестација беше проследена и од пијаното на Горјана Стојановска. При самиот крај заблеска авторката која прочита неколку раскази кои беа проследени со аплаузи. Настанот се одржа во Офицерскиот дом.
Во полната сала забележлива беше публиката од различни возрасти и различни генерации, љубители на пишаниот збор на Андоновска-Трајковска.
Вечерта беше прекрасна.
На авторката и посакуваме многу промоции во иднина!