Неколку полесно повредени, искршени прозорци и запалени контејнери е исходот од првите поголеми протести во Франција по реизборот на Емануел Макрон за втор претседателски мандат.
– Оди си Макрон !
– Пензија пред артритис!
му порачаа првомајските демонстранти на претседателот изразувајќи револт против неговата намера да ја зголеми старосната граница за добивање право на пензија.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno2-2.jpg)
Протестите во Париз и уште неколку градови низ Франција, посветени на меѓународниот Ден на трудот 1 Мај, поминаа главно мирно, освен еден инцидент кога полицијата морала да интервенира на обидот на демонстрантите да постават барикади од запалени контејнери на една од пристапните улици кон Плоштадот на револуцијата.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno3-1.jpg)
Протестите ги поддржаа речиси сите политичари од опозицијата, а некои од нив и се појавија меѓу демонстрантите, во обид да придобијат поддршка пред парламентарните избори во јуни, кои се оценуваат како голем тест за политиките на Макрон, независно од тоа што тој лично неодамна победи на претседателските избори.