Во телефонскиот разговор со својот француски колега Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин рекол дека Москва е сѐ уште подготвена за дијалог со Украина.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno-ko.jpg)
Путин побарал од Макрон да му пренесе на Западот да изврши притисок врз властите во Киев, да престанат со разурнувањата и, како што рекол со „воените злосторства и интензивните неселективни гранатирања врз цели градови и населби во Донбас.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno-2.jpg)
Ваквата вест за телефонскиот разговор Макрон-Путин ја пренесоа руските агенции, но за неа нема балансирана потврда од француска страна.
Русија ги отфрла обвинувањата дека вршела воени злосторства во Украина, и возвраќа со обвинувања дека Украинските, како што ги нарекува – „националистички и неонацистички сили“ се одговорни за страдања на цивили, тврдења кои пак, Западот изрично ги отфрла.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno3-5.jpg)
Путин ја користи секоја прилика и секој контакт со Западот да повика на запирање на меѓународната испорака на оружје за украинската војска, промовирајки ја тезата дека – доколку Украина снема оружје и воени ресурси, војната многу брзо ќе заврши