Првото патување во странство на рускиот е претседател Владимир Путин од почетокот на војната во Украина, е во Иран.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/jasno2-3.jpg)
Освен со минатата година избраниот ирански претседател, Ебрахим Раиси, рускиот претседател во Техеран ќе се сретне и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој е исто така во посета на Иран.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/jasno-4-4.jpg)
Освен нафтата, се очекува темата на двајцата претседатели со Раиси да бидат и случувањата во Сирија, но од исклучителна глобална важност се разговорите Путин-Ердоган, на тема – непречен проток на украинското жито низ Црното Море.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/jasno-5-2.jpg)
Храната, а особено житото, не е опфатена со санкциите од Западот кон Русија, и на оваа тема Русија соработува со Украина и со обединетите нации, со цел да се спречи недостигот на брашно и храна, па дури и глад во некои земји од „третиот свет” оваа зима.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/jasno-3-1.jpg)