Проект: Онлајн младинска кампања за матуранти „Ројал Пром”

Веднаш по формирањето за Здружението QR Општество, спроведовме наше независно неофицијално истражување, преку кое се потврдија веќе објавените заклучоци од други истражувања поврзани со младите како целна група и нивната општа специфична пост-ковид психо-физичка состојба која уште повеќе ја продлабочи постоечката доминантна незаинтересираност за младински активизам, учество во креирање политики во заедницата.

Идејата за он-лајн кампањата „Ројал Пром” произлезе од средбите со членовите на Младинскиот совет на Општина Битола и претставници од Матурските одбори на дел од средните училишта, како итна потреба од некаква јавна акција која ќе се обиде да ги раздвижи младите, да ги натера да излезат од секојдневната апатија и да преземат иницијативи и акции за лобирање, меѓусебно организирање и водење лични кампањи.

Поттикнати од таквата очигледна потреба на младите релативно кусо време решивме да се организираме и главно со свои капацитети и вложувања да ја спроведеме комплексната акција за матуранти „Ројал Пром – Битола 2022″.

Подоцна во текот на кампањата, препознавајќи го интересот на локалната заедница, со скромна поддршка се вклучи и Општина Битола, а и дел од бизнис заедницата која посака да се вклучи во поттикнувањето на акцијата како своевиден натпревар меѓу матурантите, преку обезбедување симболични и скромни награди за средношколците.

Со оглед на слабостите, тесниот рок, недостигот од финансии и речиси никаквата почетна видливост, кампањата беше повеќе од успешна:
статистика учесници
900 учесници со 551 фотографија
статистика награди
34 наградени учесници од 16 фотографии
интернет статистика ГЕНЕРАЦИЈА 2022 Кампања ROYAL PROM:
28 дена
2 банери
551 фотографија
900 матуранти сликани пред Royal Prom
20.000 гласови во 15 дена
15.000 обиди за повторно гласање
50.000 посети 20.000 фб интеракции
28.000 инста прегледи 1200 реакции
210.000 тик-ток прегледи и 900 споделувања
ниту еден негативен коментар












За релативно кусо време, кампањата „Ројал Пром” успеа да постигне голема локална и национална видливост, се појави интерес за организирање слични акции во други градови во државата и во Скопје, а следните генерации средношколци кои допрва треба да бидат матуранти постојано се интересираат и прашуваат за следната акција „Ројал Пром” за 2023 година.
За повеќе детали на следните линкови:
Проект – Eднакви можности/родова еднаквост
„И таа може како него”

Овој проект е реализиран во партнерство со Комисијата за еднакви можности на Општина Битола, за што за еден дел добивме и финансиска поддршка од Општината.
Замислата на проектот, да едуцира, охрабри и да ја подигне самодовербата кај жените за извршување на т.н. „машки работи” беше целосно постигната со вклучување на целна група од 20 жени кои директно присуствуваа на кусата работилница организирана кај Автомеханичар.

Беше отпечатена и брошура во вид на краток прирачник со упатства поврзани со совети за самодоверба на жените возачи на автомобили.
А преку користење на т.н. QR Код или Алатка за БРЗ ОДГОВОР истите содржини во поширока верзија, преку посебен линк, беа објавени и сѐ уште се достапни на Интернет страната kepenci.mk.

Проектот „И таа може како него” има потенцијал да се проширува и надградува во следни кампањи од различни области, за разбивање на стереотипите за постоење машки и женски работи и зголемување на самодовербата кај жените.
За повеќе детали на следните линкови: