Во неделата на 7 август во Слепченскиот манастир Свети Јован Претеча се одржа предавање на тема: „Ранохристијанските симболи и потребата од појавата на иконите преточени со благослов“
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/3-5.jpg)
Поради важноста и специфичноста на темата, која налага прецизност и точност, излагањето на монахињата Евгенија го пренесуваме интегрално и во целост.
Православната Црква учи дека свештената уметност и светите икони се со апостолско потекло, односно дека постојат од самиот почеток на христијанството. Археологијата и ранохристијанските пишани извори доволно ни откриваат од ликовните изобразувања што значи де факто постоеле. Во тој период сеуште не постоела мрежа на катакомби, и така со постојаните прогони и со зголемувањето на мачениците се појавиле и символите, но дотогаш веќе постоеле првите икони и биле грижливо чувани и почитувани од нивните автори или сопственици.
![Рождество](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/4-5.jpg)
Неракотворени Образи
Преданието на Црквата ни сведочи за постоењето на иконите уште од периодот на Христовиот живот на земјата.
Всушност првото Негово изобразување, Он неракотворно ни го остави нам.
![Авгар и Ананиј со Христовиот Образ](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/6-6.jpg)
Во градот Едеса на Еуфрат, владееше еден кнез по име Авгар.
Авгар беше болен од од лепра, па штом слушна за чудниот Палестинец, т.е. дека ги лекува луѓето од секакви болести, испрати писмо до него по еден свој слуга, со молба до Христа да дојде и да го исцели.
Ананиј, т.е. слугата, кој владееше со сликарската вештина, имаше и задача ако Христос неможе да дојде при Авгар, да направи портрет од Христовиот лик и да му го донесе на кнезот. Ананиј го пронашол Христа опкружен со маса народ, се качил на еден камен од каде можел подобро да го види.
Се обидел да го слика Неговиот лик, но не успевал поради неискажливата слава на Неговото лице кое се менувало во милоста.
![Авгар и Ананиј](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/8-3.jpg)
А Христос, знаејќи го порачаното, додека се наоѓаше меѓу народот,го изми лицето со вода и го избриша со крпа на која потоа остана обрисот од неговиот лик. Му ја даде крпата на Ананија да ја однесе заедно со писмото на оној кој го испратил.
Во писмото Христос одбил да оди за Едеса но му ветил на Авфар дека ќе испрати еден од своите ученици. Агвар кога ја примил светиот убрус го целивал и веднаш се исцели, но му останале уште некои повреди на лицето.
После Педесетница, светиот апостол Тадеј отишол во Едеса и го довршил лечењето на кнезот Авгар со тоа шти го Крстил со Светотот Крштение и по ветувањето на Христа.
Ова што Ананиј не успеа да Го наслика е да знаеме дека Бог го врши делото, а не нашите сликарски способности. А особено е битен благословот. Значи тоа е првиот образ пресликан, секако неракотворно.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/9-2.jpg)
Потоа во житието на светата Вероника се појавува уште едно сведоштво, кога Господ Исус Христос го носеле на Голгота, св Вероника му ја избришала потта со крпа, на која Неговото лице останало осликано.
Преданието ни сведочи и дека првите икони на Пресвета Богородица се појавуваат непосредно после Педесетница од светиот апостол Лука, по благослов на Мајката Божја, насликал три.
Едната припаѓа на типот наречен Умиление Елеуса.
Другиот тип е Патеводителка, Одигитрија.
Третата икона би требало да ја претставува Пресвета Богородица сама, но податоците за неа се нејасни.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/14-2.jpg)
Денес само руската црква чува 10 икони од Пресвета Богородица, кои му се припшуваат на св апостол Лука, потоа 21 на запад и на Света Гора, од кои само 8 се наоѓаат во Рим.
Иконите од св Лука заземаат место во едно предание за кое тој дал прототипови, тие биле насликани според оригиналите од него. Особено ова е така бидејќи немаме сочувана икона на типот Умиление постара од 10 век.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/15-1.jpg)
Голем број од првите изобразувања и отсликувања биле срушени и уништени од иконоборците, а потоа и од крстоносците, или просто од времето.
Но едно е многу јасно дека уште од првите изобразувања не се работело во еден прост натуралистички стил на портрети, туку за сосема ново специфично христијанско изобразување со кое што се труделе да го прикажат не само она што е видливо за очите, туку и духовната содржина на насликаното.
Во тој контекст се служеле со многубројни симболи.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/16-1.jpg)
Со симболите дополнително се криеле до извесно време главните христијански свети тајни од катихумените. Св Кирил Ерусалимски 4 век вели
„ дозволено е сите да го слушаат Евангелието, но славата на благата вест припаѓа само на блиските на Христа.”
Затоа и Господ зборувал во параболи пред масата народ, но потоа ги објаснувал на Своите ученци. Смислата на христијанските символи им била постепено откривана на катихумените, редоследно, према нивната подготовка за крштение.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/17-1.jpg)
Како прв пример го наоѓаме приказот на Добриот пастир кој се појавува уште во 1 век. Такви слики има многу во Римската катакомба во Домицил. Најраспространетиот символ на христијаните е рибата.
Тој символ се сретнува насекаде: на ѕидните слики, на саркофазите, на надгробните натписи, на разни предмети.
Христијаните носеле на вратот мали риби од метал, камен или седеф со натпис „Да избавиш“ или „Избави“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/18-1.jpg)
Најглавна таинствена смисла имаат петте букви во зборот ιχυς ichthus.
Пет букви иницијали на пет збора што директно се однесуваат на Христос: Iesos Christos theou uios soter (Исус Христос Син Божји Спасител).
Во овие зборови е искажано исповедањето на Божественоста на Исус Христос, Неговата спасоносна мисија. Односно, во рибата имаме еден вид стара формула за Верувам збиен во еден збор.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/19-1.jpg)
Еден друг симбол на Христа исто многу распространет во катакомбите е јагнето уште од 1 век. Како главен симбол на Хриса, јагнето долго време го заменувало Неговиот лик. Битно е да се заклучи дека тие слики биле сведени на минимум детали и максимум изразитост.
Умереноста во средствата во сликата, одговара на лаконскиот говор и умерениот карактер на Писмото.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/21-1.jpg)
Евангелието посветува само неколку редови на настаните кои одлучиле за историјата на човештвото. Светата слика исто така го покажува само најглaвното. Деталите се толерираат само ако се значајни. Сите овие црти не водат дирекно до класичната форма на православната икона.
Од тој период сликарот морал да ги сведува своите дела на голема едноставност за да длабокото значење било пристапно само за продуховеното око. Уметникот ја чистел својата уметност од секако вид на личен елемент.
И навистина за да се прикаже на телесните очи невидливото, не е потребна нејасна магла, туку голема јасност и точност исто како што Отците кога говорат за духовниот свет употребуваат посебно јасни и точни изрази.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/22-1.jpg)
Христијанскиот сликар се откажал од реалистичното прикажување на просторот, ја отфрлил естетиката на световната уметност и нејзините вештини. Со длабочината исчезнуваат и сенките.
Он не прикажувал сцена која само гледачот ќе ја набљудова а нема да учествува во неа, туку оваа уметност ги покажува личностите поврзани помеѓу себе, а особено со верникот кој ги гледа.
Тие секогаш се прикажани со лице, му се обраќаат на верникот и му ја пренесуваат нивната внатрешна состојба, молитвата.
Гледаме колку во изразот сликањето се ослободува од начелото да имитира оптичка визија.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/23-1.jpg)
Отците, поучени од Духот Свети, во еден момент ќе кажат
„Во зрелото жито на вистината дојдоа да се измешаат остатоци на многубожечката и еврејската незрелост“
Oвие зборови се запаметени од соборските отци едно писмо кое тие го испратиле до царот Јустинијан 2, а се однесуваат всушност на она што кажавме, дека во почетокот по сисходливост и економија Црквата допуштила многубожечки и еврејски симболи со цел да го доближи тоа до огласените….но, се додека житото не било зрело нивното постоење било оправдано и дури неопходно, бидејќи придонесувало за неговото зреење.
Но во зрелото жито на вистината нивната улога престанала да биде творечка , постанала дури и негативна бидејќи симболите го смалувале главното значење на непосредниот лик.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/24-1.jpg)
За прв пат една соборска одлука јасно ја изложува врската на иконата со начелото на Воплотувањето, со „животот на Отелотворениот Христос“.
Овој прв израз за христолошка основа на иконата ќе биде широко употребуван и развиван подоцна од бранителите на иконите во периодот на Иконоборството.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/25-1.jpg)
Веќе во 692 година, на Петтошестиот собор, кој уште е наречен Труслки собор бидејќи се одржал во салата ин труло на царската палата во Цариград, всушност е дополнување на двата претходни вселенски собори, Петтиот од 553 и Шестиот од 681 и двата одржани во Цариград.
Петтиот собор го осудил монофизитството а Шестиот монотелитството се занимавале само со догматски прашања, а цела низа дисциплинарни прашања чекале одговор и затоа бил свикан Петошестиот собор, како дополнение на претходните два, а општо е наречен Шести вселенски собор.
Светите отци на тој собор велат:
„ На некои цртежи се гледа јагне на кое свети Јован Претеча покажува со прст, јагнето таму било ставено како образец на милоста, покажувајќи ни го однапред преку знакот, вистинското Јагне, Христос нашиот Бог. Ценејќи ги секако ликовите (Tipus) и сенките како симболи на вистината и скици дадени во вид на Црквата, ние повеќе ја почитуваме милоста и вистината, примајќи ја таа вистина како исполнување на законот.
Одлучуваме во иднина тоа исполнување да биде истакнато на сликите пред очите на сите, значи на иконите да биде утврден, наместо античкото јагне, во Неговиот човечки изглед (antropinon caractera) Оној Кој ги ослободи луѓето од гревот, Христос нашиот Бог.
Преку тоа ние ја сфаќаме возвишеноста на смерноста на Божјиот Син и се раководиме од тоа да си припомнеме за Неговото облекување во тело, Неговото страдање, Неговата спасоносна смрт, а оттука и ослободувањетона светот кое произлезе од неа. “
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/26-1.jpg)
До крајот на 7 век постоеле симболични прикази кои го заменувале човечкиот лик на Христа, особено сликата со јагнето. Отците на Црквата увиделе дека веќе се појавила потреба верниците да се насочат на патот усвоен од Црквата и токму тоа го чини правилото 82 од Петтошестиот собор.
Сликата на Христа во облик на јагне кое св Јован Претеча го покажува со прст, била догматски многу богата и значајна. Таа се заснова на многу познатиот пасус од Евангелието по св. Јован Богослов каде св Јован Претеча покажал со прстот на Христа: „Еве го Јагнето Кое ги зеде врз Себе гревовите на светот“ (Јов. 1,29).
Правилото 82 кое сега веќе ги забранува овие симболични претстави на Христа се инспирира од истиот пасус од Евангелието кој е многу поголем и вели „Словото стана тело и живееше помеѓу нас, полно со благодат и вистина, и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот …и ние сите примивме од Неговата полнота благодат врз благодат, зашто законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа…“14, 16,17
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/28-1.jpg)
Значи, не се работи веќе за тоа да се преведе речта во слика, туку да се покаже самата вистина, исполнувањето на речта. Тоа исполнување, таа стварност, таа вистина требало да се покаже на очиглед на сите. Во тоа се состои одбивањето на секоја апстракција, најбезусловно од страна на Црквата, бидејќи вистината има свој Лик, е конкретна жива Личност- Исус Христос.
Иконографскиот симбол сепак не е сосема исклучен, он преминува во втор план. Пр ѕвездите на П.Б., раката од небото која благословува, но тие не ја заменуаат личната и непосредна слика.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/29-1.jpg)
Со ова правило 82 од трулскиот Собор се дава одговор на редици прашања во однос на иконата, помага да се пресуди дали некоја слика е икона или не.
Ке обрниме внимание на уште едно правило од Соборот, Правилто 100 кое се осврнува и на верниците, особено на иконописците, дека Црквата од своите членови бара извесна аксеза, не само во животот, туку и во уметноста која од една страна го изразува тој живот, а од друга страна го обележува со своето влијание.
Ова е многу битно за нас денес за да можеме да ја препознаваме автентичната икона.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/30-1.jpg)
Отците побарале извесна аскеза во уметноста. Уште првите христијани создавајќи свој сликарски јазик се одвоиле од светот, го отфрлиле тогашниот антички сликарски принцип на натуралистичко реалистичко прикажување на природата просторот. Христијанската аскеза во уметноста е отфрлање на естетиката и привлечноста на светот, во изразот христијанскиот сликар се ослободува од начелото да имитира оптичка визија.
Но извесна аскеза во уметност претставува и посебната зографска постапка која отците во предание ја оставаат и ја развиваат низ вековите, а тоа значи:
– природните материјали кои се користат за изработка на иконата треба да претрпат извесна „аскеза“: секоја боја пигмент има свој карактер – тоа значи пигментот (бојата) не се употребува во иконата во нејзиниот див оргинален тон, туку треба да се смири бојата со друга боја.
Тоа е како во духовниот живот, Господ ни праќа личности преку кои ги смируваме нашите диви карактери.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/31-1.jpg)
Затоа огромна е разликата кога ќе влезите во храм од 13 век и во ново насликан храм од современи уметници кои не се придржуваат до преданието на отците. Во стариот храм боите се смирени, ја пијат светлината, т.е предизвикуваат на молитва. А во ново насликан храм боите се диви, дречливи, ја одбиваат светлината заради пластичниот акрилик, за жал не доловуваат духовна состојба.
Исто така и дрвото што се употребува за иконата, треба да претрпи 5 години сушење, а потоа, толку да го прими грундот во себе што треба да стани едно со него; златото треба да се предаде на тепературата, влажноста на воздухот, да поминат одреден број на часови за да може да се предаде, за да го истрпи притисокот на каменот преку полирањето за да може да светни во полн сјај.
Да не зборувам за цртежот кој е пресуден за духовниот лик, за композицијата, за зографската програма која во старите цркви ја има, а денес се сликаат светителите без ред во храмот, односно по желба. и т.н..
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/33-1.jpg)
Сите материјали од прв до последен претрпуваат извесна „аскеза“ и се ставаат во служба на иконата, целата технологија која што ни е оставена во предание е со цел да ја прикажи духовноста во иконата.
Денес се напушта тоа предание, како што умира аскезата во нашите животи, умира и во уметноста на Црквата, се заменува со современите технологии, денес се лепат тапети во храмовите, сѐ е сведено на инстант сликарство, комерцијализам, за жал базирано на световните академски сликарски вештини од кои христијаните од самиот почеток свесно се оддалечуваа.
Тие нешта кои ги спомнавме како негативни сега, се туѓи влијанија во „зрелото жито на вистината“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/34-1.jpg)
Од денот на Светата Педесетница, Духот е меѓу нас, а со Него и светлоста на преданието. Што значи дека самата сила на пренесување на преданието е дадена во Црквата. Но, само за љубителите на вистината.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/08/35-1.jpg)
Недела на 14. 08. 2022 година, по неделната Света Литургија која ќе почне во 6 и 30 часот, ќе се одржи следното предавање од циклусот за *Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир, „Слепченските триоди и нивното значење”*.
![Следното предавање од циклусот за Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир ќе биде посветено на „Слепченскиот Апостол од 10 век“](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/16-1.jpg)