Елон Маск го најави производството на првите прототипи на хуманоидниот робот на Тесла, Оптимус за 2023, и почеток на негова функционална примена до 2025 година. Тој вели дека роботот ќе биде широко достапен за сите, по цена не поголема од еден автомобил, а неговата сегашна вредност се проценува на 25 000 долари по примерок.
Првичните функции на хуманоидниот робот се замислени како обични и пријателски, освен што ќе може за вас да ги прави работите кои ви се здодевни или тешки, тој едноставно ќе ви прави друштво, ќе ве забавува, па дури и ќе се гали како маче.
Маск смета дека воопшто не треба да постојат стравови дека масовното производство на Оптимус, и неговата примена како работна сила, воопшто нема да го остави човекот без работа, затоа што со новиот начин на живот и производство, постојано и постојано ќе има потреба од нови работни места и ќе се чувствува недостиг од кадар.
Што се однесува до стравовите за целата приказна на Оптимус, во комбинација со вештачката интелигенција “Ал” да отиде во непосакувана дистопија, која може да избега од човечка контрола, да се одметне и да воведе технолошка диктатура врз луѓето, засега одговорот е дека за тоа има едноставно решение. Секој робот ќе финкционира со локален (не централизиран чип) кој изолирано може да се апдејтира и да се вклучува и исклучува непосредно, по желба на сопственикот.