Компанијата Ролс Ројс започна процедура пред британската влада, со која до 2024 година треба да обезбеди дозвола за развивање на модел на мини нуклеарни централи, кои би биле лесно преносливи и лесно би се монтирале, што би овозможило извозна ориентираност на иновативниот проект. Компанијата од владата доби и поддршка 456 милиони долари, за развивање на т.н. мал модуларен реактор кој се очекува да направи револуција во енергетската индустрија, со целосно отфрлање на нафтата, бензинот и гасот од употреба.
Целта е деловите од малите нуклеарни реактори е тие да бидат поевтини, помали, унифицирани и едноставно да се склопуваат, а да се преносливи со брод, па дури и со авион, насекаде низ светот.
Една нуклеарна централа, составена од вакви модуларни делови би чинела 2,34 милијарди долари, и за неа би бил потребен простор колку десет фудбалски игралишта. Британија планира повеќе вакви централи на цела територија на земјата.