Човекот на сликата е магистер по електротехника на Оксфорд, возач на тркачки автомобили и носител на титулата витез.

Дипломирал на електротехнички факултет но многу сакал по секоја цена да се занимава со глума. Бил одбиен на секоја аудиција, додека телевизиските куќи не сакале да го вработат бидејќи пелтечел.

Најголем проблем имал со изговарање на зборовите што почнуваат на буквата Б. Иронијата е што всушност таа буква е почетната од името кое го прослави. Поради проблемот со пелтечењето мнгоу ретко давал интервјуа.

Најпосле сфатил дека својата мана треба да ја претвори во предност па започнал се повеќе да се потпира на мимикријата. Неговата емисија “Оваа не се вестите во 9” била прогласена за најдобра забавна емисија на годината па така и станал личност на годината во Британија и тогаш имал само 25 години. Исто така од емисијата произлегле и неговите книги кои станале бестселери.
Првите чекори во филмската кариера ги прави во мала улога на филмот Џејм Бонд во “Никогаш не вели никогаш”, а во серијата “Црната змија” го покажува неговиот талент и станува водечки комичар, додека неговото телевизиско шоу “Мистер Бин” го направи еден од најпознатите луѓе на планетата.
Оттогаш Роуан Себастијан Аткинсон никогаш не бил одбиен за ниту една улога што ја побарал да ја глуми.
