Украина и Русија со посредство на Турција, и под патронство на ООН ќе потпишат договор за обезбедување непречен излез на жито од Украина преку Црното Море.

Потпишувањето на договорот, на кој му претходеше средба Путин-Ердоган во Иран, го најави и украинскиот претседател Зеленски.


Се очекува на чинот на потпишување во Истанбул да присуствува и генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

Договорот е дел од меѓународните напори да се спречи светски недостиг од житарици и брашно, што во некои земји од Африка и Азија може да доведе и до криза со глад