Њујорк Тајмс објави декласифициран разузнавачки извештај според кој Русија склучила договор за набавка на сторици илјади прачиња разновидно воено оружје и муниција од Северна Кореја.
Претходно беше објавено дека во Русија веќе стигнала испораката на дронови од Иран и дека руски воени претставници се наоѓаат во Техеран, на обука за нивно користење.
И Северна Кореја и Иран се под санкции на САД уште пред војната во Украина и нивната воена соработка со Москва не е изненадување.
Северна Кореја минатиот месец ја призна независноста на окупираните украински региони Доњецк и Лугањск, со комунистичка реторика изразувајќи поддршка и наклонетост кон праведната борба на своите „другари и другарки“ за отцепување од Украина.
Според финскиот тинк-тенк, Центар за енергетски истражувања и чист воздух, силните меѓународни санкции кон Русија, не ја оштетија многу Руската економија, но сојузниците од НАТО веруваа дека изолацијата ќе го спречи купувањето на оружје.
Според финските експерти, Русија од почетокот на војната остварила профит од над 150 милијарди евра од продажба на фосилни горива, од кои повеќе од половина се заработка од промет со земји членки на Европската Унија.