По пресудата на Сојузниот суд во Флорида, кој оцени дека задолжителното носење маски е незаконско, сите авионски компании по две години, соопштија дека маските за патниците, екипажот и персоналот на аеродромите, не се веќе обврзувачки туку „опционални“ според личната одлука и волја на патникот.

Некои авио компании, кои до вчера поддржуваа ригорозни правила, своите ретерирачки одлуки ги објаснуваат со долги образложенија за подобрен колективен имунитет и ублажени ковид статистики.

Одлуката на судот во Флорида се смета не само за правна, туку и политичка победа врз намерите на администрацијата на Џо Бајден, да продолжи да инсистира на задолжително носење маски во затворен простор, а особено во транспортот.