Високи претставници на Белата Куќа соопштија дека претседателот Џо Бајден подготвил инстантна Пакет Програма за брзо прифаќање на бегалци од Украина, која предвидува нивно останување во земјата најмногу 2 години, без можност за аплицирање за државјaнство или азил.
Пакетот предвидува и државни поволности, надомест и помош на компаниите и субјектите кои ќе се вклучат во процесот на прифаќање, транспорт и згрижување на бегалците во САД, со претходно добиено одобрение и работна виза од Одделот за внатрешна безбедност.
Програмата наречена „Обединување за Украина” треба да почне в понеделник и се очекува во неа партнерски да се вклучат компании, адвокатски и консалтинг канцеларии, фондации, невладини организации и други државни и приватни институции. Од почетокот на воената криза во Украина до сега, во САД со потребни документи влегле само 350 бегалци од Украина.