Хуманоста денес е во мода. Луѓето од различни мотиви се обидуваат да помагаат на другите, во рамките на својата професија или надвор од неа, како хоби. Во денешното модерно време е многу полесно да се помага, отколку што тоа беше пред 150 години, на пр. или во времето кога живеел нашиот херој од овој напис, кој е пример за хуманост која успешно ја криел зад популарноста на своите книжевни дела – Антон Павлович Чехов.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/ка1.jpg)
Еве дел од неговиот „список“ на хуманитарни активности, барем она што успеало да се дознае, затоа што не го истакнувал тоа што не морал:
- изградба на 4 селски училишта
- камбанарија, противпожарна станица и локални патишта во округот на Лопасња
- Библиотека во Таганрог, со основна донација од 2000 книги која во период од 14 години секоја година ја дополнувал
- Музеј на слики и фина уметност во Таганрог, заедно со сликарот Илја Рјепин
- иницијатива за изградба на првиот Јавен Дом во Москва (со театар, библиотека и читална)
- иницијатива за изградба на кожна клиника во Москва
- изградба на лабораторија за биолошки истражувања на Крим
- Во Мелихов, прегледувал и лекувал илјадници селани од округот бесплатно, а им купувал дури и лекови
- Во време на колерата, сам деноноќно работел во 25 села во целиот округ
- Го сврти вниманието кон островот Сахалин за кој напиша и книга со која јавно праша за целисходноста на т.н. „принудна работа“ во прогонство, и за првпат сам направи попис на целото население на островот
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/ka2.jpg)
- почна да ги попишува и да има отвора здравствени картони за лекување на затворениците, што дотогаш беше невидено
- Во Мелихов лично засади 1000 стебла вишни (своја голема Вишнова градина) а оголените ридови ги пошуми со секакви видови дрвја кои израснаа во густи шуми.
- На Крим посади огромни површини овошни и цветни градини, со вишни, рибизли, дренки, црници, палми, јорговани, кипариси …
- поединечно им помогнал на многу луѓе
- според сочуваните стотици писма со благодарност во неговата архива за различни услуги – од позајмување (донирање пари) преку помош за добивање пасош и други административни документи, до препораки и ургенции за вработување.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/ka3.jpg)
Многумина се чудат, како и кога Антон Павлович Чехов успеал сето ова да го направи за време на својот краток живот од 44 години, од кои речиси половината ги поминал измачуван и истоштен од туберкулоза, а во меѓувреме напишал и оставил во наследство 20 тома, ремек-дела на светската литература.