„Ние дадовме одговор на новинарско прашање кое гласеше – Дали е во ред тие да патуваат бесплатно? Ние рековме – сами нека си кажат кој им ги подмирил патните трошоци.“
– Билјана Ивановска- претседател на Антикорупциска комисија
ДАЛИ ПАТУВАА ВО РАМКИТЕ НА СВОИТЕ СЛУЖБЕНИ ДОЛЖНОСТИ:
Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, како ВИП навивачи во натпреварот Македонија – Италија.