Една од главните теми на самитот на Европската Унија во Брисел е дебатата околу следните чекори на Брисел во Руско-Украинската војна
Одлуката за давање кандидатски статус на Украина, која украинскиот претседател Зеленски ја оценува како победа во судирот со Русија, всушност е чекор кон мирно и брзо решавање на војната која длабоко ја разниша европската економија.
Група на земји предводени од Унгарија се залагаат за итен прекин и мирно решавање на воените судири во Украина, поаѓајќи од анализата дека европските санкции ѝ нанесуваат повеќе штета на Унијата отколку на Русија.
Се очекува по бриселскиот самит, Европската унија и некои земји членки да имаат поактивна улога во барањето дипломатско решение за војната, да посредуваат во преговорите, па дури и да ја убедат Украина да направи некои отстапки во прилог на мирот на европскиот континент.