Кога на најсериозните формални разговори за безбедноста во Европа и евентуалното зачленување на Финска и Шведска во НАТО, ќе се појавиш онака лежерно, во рок’ен’рол јакна, сите почнуваат да толкуваат која би можела да е пораката која се испраќа.
Чекорот на Финска и Шведска, за приближување кон НАТО, кој Москва би можела да го сфати како приближена закана на нејзините граници, по истата аналогија со Украина, и да предизвика дополнителни воено-безбедносни дилеми во Европа, премиерката на Финска Марин Сана го соопшти облечена во лежерна класична црна панк-рок јакна, што направи дефокус во коментарите на социјалните мрежи и ја релативизираше важноста на темата која може да доведе и до разговрување на Трета Светска Војна.
Прашањата од типот – каде и е паркиран моторот? и споредбите со Алис Купер, од оваа толку сериозна тема направија поле за натпревар во духовитост.
– Дедо, како почна Третата Светска Војна?
– Онака лежерно, рокерски, на мајтап