Во 67 година од животот почина познатиот театарски, телевизиски и филмски актер Митко Апостоловски. Кариерата ја започна и заврши на сцената на НТ Битола, а извесен период играше и на сцената на Кумановскиот театар.
Благодарение на впечатливиот препознатлив длабок глас и точна дикција, Апостоловски често имаше и улога на наратор, водител на настани и специфични општествени и хуманитарни кампањи.
Битолчани ќе го паметат по неговата насмевка, непосредност и мека душа, секогаш спремна да одвои време и сподели совет на помладите.
Бог да го прости.
Заминува во време кога е повторно актуелен филмот „Трето Полувреме” и неговата култна реплика за името Македонија: